| четврток, 6 декември 2018 |

Марија ќе биде исфрлена од жирито поради напад на „Гранд“ и на Бане

По вчерашната изјава на Марија Михајловиќ, членката на жирито на шоуто „Твоето лице звучи познато“, дека „Гранд“ и ТВ „Прва“ го фаворизираат натпреварувачот Бане Мојиќевиќ, продукцијата остро реагираше.

Незадоволството кое го изрази на „Фејсбук“, пејачката не го поткрепи со никакви аргументи, но предизвика бурни реакции.

– Продукцијата „Гранд“ не може да фаворизира ниту еден учесник на емисијата бидејќи на ниеден начин не учествува во организација. Покрај тоа, Бане Мојиќевиќ за време на траењето на серијалот ниту еднаш не бил гостин во некоја од емисиите од нашата продукција како што се „Фантастик шоу“ или „Народ пита“, кои се емитуваат на ТВ „Прва“, а да не зборуваме за тоа дека освен Бане, „Гранд продукција“ таму ја има и Тања Савиќ, Неда Украден и Драган Којиќ Кеба. Така што, непрофесионалниот испад на Марија Михајловиќ го толкуваме како евтин обид да не победи некој кој доаѓа од Гранд. Сето тоа бара нејзина дисквалификација од жирито, бидејќи јавно кажа дека Мојиќевиќ ќе го оцени минимално, без оглед на квалитетот на нејзината имитација и тоа потполно професионално – соопштија од прес-службата на продукцијата „Гранд“.

Бане Мојиќевиќ, пак, не сакаше да му суди на жирито и тврди дека обвинувањата не го вознемируваат. Тој смета дека тој со своите имитации најдобро покажува кој е и што умее и дека прозивките на Марија не го допираат.

Се огласи и прес-службата на ТВ „Прва“:

– Вака непримерни и неодговорни изјави на членката на жирито ја замаглуваат суштината на ова шоу, добрата забава и хуманост, пред сѐ. Со своето непрофесионално однесување Марија Михајловиќ сериозно ја доведува во прашање соработката со ТВ „Прва“. Немаме намера да ја коментираме нејзината тенденциозна изјава која нема врска со вистината. Ова е злоупотреба на позицијата и намерно загрозување на еден од натпреварувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top