Српската водителка Марија Килибарда, најпозната на овдешната публика по шоуто „Твоето лице звучи познато“, му кажа „да“ на нејзиното момче Владимир Радмановиќ.
Триесет и четиригодишната водителка и кошаркарскиот репрезентативец на Србија и некогашен играч во НБА, биле во врска во 2014 година. По кратка пауза, од почетокот на оваа година тие повторно се заедно.
Иако одбегнува да зборува за својот приватен живот, Килибарда за „Блиц“ изјавила дека се што е важно споделува на „Инстаграм“, а таму веќе има фотографија од нејзиниот веренички прстен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.