| четврток, 6 декември 2018 |

Нов компјутерски вирус ги напаѓа уредите на „Епл“

nov-kompiutyren-virus-atakuva-ustroijstvata-na-apple-266498

Стручњаците по кибернетска безбедност од компанијата „Пало Алто Нетворкс“ (Palo Alto Networks) предупредуваат за појава на компјутерски вирус кој ги напаѓа уредите на „Епл“, вклучувајќи ги паметните телефони „ајфон“, таблетите „ајпад“ и компјутерите „мек“, објавува „Фајненшл тајмс“.

Со вирусот, кој е наречен „ WireLurker“, можеби се веќе заразени уредите на стотици илјади клиенти на „Епл“, истакнуваат експертите. Вирусот се шири по големиот напад против облак-услугите „iCloud“ на територијата на Кина минатиот месец, речиси веднаш по пуштањето во продажба на „ајфон 6“ на кинескиот пазар, наведува весникот.

Според податоци на „Пало Алто Нетворкс“, вирусот продира во компјутерите и во таблетите преку апликации, влечени од надворешната продавница за апликации за уредите на „Епл“ – кинеската „Maiyadi“. Тој се шири од еден уред на друг, кога кон заразен компјутер „мек“, преку УСБ кабел ќе бидат вклучени „ајфон“ или „ајпад“.

Заразени се над 400 апликации за „мек“, кои биле преземени над 350.000 пати, според „Пало Алто Нетворкс“.

„ WireLurker“ може да украде разни информации од заразените мобилни уреди – забележува експерт на компанијата.

„Епл“ не одговорил на барањето да ги коментира информациите за вирусот, додава „Фајненшл тајмс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top