Од Општина Карпош денеска соопштија дека две деца кои престојуваат во градинката „Пролет“ во населба Козле, се заболени со вирусот „коксаки“.
Откако матичните лекари го дијагностицирале вирусот, родителите на децата ја известиле управата на градинката „Пролет“, која веднаш за случаите го информирала Центарот за јавно здравје – Одделението за епидемиологија.
Од Општина Карпош наведоа дека е извршена дополнителна дезинфекција во групите каде што престојуваат децата, како и во другите простории на објектот.
– Преземени се сите неопходни мерки за вакви случаи. Покрај тоа, превентивно, според протоколот, медицинско лице – специјалист, изврши прегледи и врз останатите деца и е констатирано дека „коксаки“ вирусот не е проширен кај другите дечиња, соопти Општина Карпош.
Престојот во градинката „Пролет“ се одвива без прекин.
Во текот на изминатата недела, Општина Карпош спроведе тековна, пролетна дезинфекција на сите градинки на територија на Општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.