Поранешниот кошаркар на Црвена звезда и на Олимпијакос, Перо Антиќ вели дека кога би имал два слободни дена, би седнал во авион и би одел на дербито во Евролигата меѓу белградските и атинските „црвено-бели“.
Познато е дека Антиќ е навивач на двата клуба, на едната рака го има истетовирано грбот на навивачката група „Делии“, а на другата „Гејт 7“.
– Да бев некаде во Европа и да можев да земам два слободни дена, ќе се седнев во авин и ќе отидев. Ништо не би ме спречило да присуствувам на тој меч. И сега размислувам како да го изведам тоа, ама, за жал, не е можно – вели Антиќ во интервју за „Журнал“.
– Тоа што ќе се случува во „Арена“ човек не може да го опише со зборови, туку мора да го доживее. Тоа ќе биде прв од двата спектакли оваа сезона. Другиот е закажан во Атина. Тие кои знаат за што зборам, само треба да влезат во сала, да седнат, да пеат и да уживаат. Го гледав мечот против Валенсија, таков амбиент, поддршка… страшно – изјави Антиќ.
– Навивачите се најубавиот спектакл кој Европа ќе го доживее. Само би седел на трибина и би уживал во секој момент. Резултатот не ми е воопшто важен. Нема да се нервирам, да викам и да кршам како и обично. За жал, сè уште не сум ја почувствувал атмосферата во „Арена“, но тоа е помалку важно. Двете навивачки групи се фантастични и ги сакаат клубовите повеќе од себе. Нема шанси да ги делам, ги сакам подеднакво. Не можеш да делиш љубов спрема браќа – додаде Антиќ.
Дресот на Црвена звезда Антиќ го носеше во периодот од 2005 до 2007 година и го освои купот на Србија и Црна Гора. Пред да замине во НБА, со Олимпијакос стигна до најголемиот успех во Европа, а тоа се две титули во Евролигата по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



