Пикерот на РК Металург, Мијајло Марсениќ вели дека чека подобра понуда за да си замине од редовите на македонскиот шампион, по кризата што го тресе клубот од Автокоманда.
За српски „Спорт“ Марсениќ вели дека чека понуда од друг клуб за да си замине, а сѐ ќе биде познато до крајот на оваа недела.
– Во клубот има штрајк на ракометарите и неизвесно е како ќе се развива случајот. Во соработка со мојот менаџер ќе очекувам подобра понуда, но сѐ ќе биде познато за неколку денови. Ако не се разреши кризата во Металург, ќе си заминам – изјави Марсениќ.
Тој веќе има слично искуство кога си замина од Партизан, клуб кој го тресеше финансиска криза. Сепак, Металург е малку поинаква приказна и им понуди на релативно анонимните ракометари, од калибарот на Марсениќ, одлична афирмација на европската сцена. Македонскиот шампион е редовен учесник во Лигата на шампионите со забележителни резултати и две учества во четврт-финалето на елитното натпреварување. Но, денеска никој не игра за џабе, па и Марсениќ размислува да си замине.
Металург веќе го напушти голманот Коциќ, а разврска на јазолот во клубот чекаат и останатите ракометари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.