| четврток, 6 декември 2018 |

СЕХА му излезе в пресрет на Металург, го одложи мечот со Нексе

Кризата во македонскиот ракометен шампион РК Металург продолжува. По непатувањето во Загреб во рамките од СЕХА-лигата поради добро познатите причини, одложувањето на тој натпревар, раководството на СЕХА лигата повторно му излезе во пресрет на Металург.
Натпреварот против Нексе што требаше да се игра в недела во Скопје е одложен сè до крајната разврска во клубот од Автокоманда.
Да потсетиме, играчите го посочија тренерот Лино Червар за кризата што настана во клубот и одбивањето на сите играчи да настапуваат под капата на хрватскиот стручњак. Управата на клубот, заедно со сопственикот Минчо Јорданов, отворено застанаа на страната на Червар. Во деновите што следуваат ќе се знае конечната одлука со кои играчи Металург ќе ја продолжи сезоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top