Во случај лидерите на политичките партии во Косово да не пронајдат решение за надминување на кризата, претседателката Атифете Јахјага в петок или евентуално во вторник со посебен декрет ќе го распушти Собранието и ќе закаже вонредни избори за 14 декември, објави весникот Епока е ре повикувајќи се на добро информирани извори.
– Претседателката Јахјага ќе почека до петок лидерите на политичките партии да се договорат за излез од кризата. Во спротивно, в петок или во вторник со посебен декрет ќе биде распуштено Собранието и ќе се објави нов датум за избори – 14 декември, вели извор за весникот.
Тој додава дека Косово задоцнило со формирање институции и поради тоа нема време за формирање влада по редовна процедура заради нефункционално собрание.
Двајцата лидери од кои зависи прекин на повеќемесечната институционална криза, Хашим Тачи од ДПК и Иса Мустафа од ДСК не постигнаа договор за формирање влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации