Во железничка несреќа која се случи синоќа околу 22:30 часот на пругата Скопје – Гевгелија кај местото Јаворица во близина на селото Давидов, прегазен е 25 годишен Авганистанец кој со себе го носел и неговото бебе, старо околу 45 дена, кога товарен воз што сообраќал на релацијата Скопје – Гевгелија, удрил во нив.
Покрај починатите со нив била и друга група илегални мигранти кои се движеле по пругата. Илегалните мигранти најчесто пругите ги користат за ориентирање при движењето пеш во нивниот обид да ја поминат земјава откако ќе влезат, најчесто преку илегални гранични премини со Грција.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата и работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужас: Телохранителот на славната пејачка прегази фоторепортер, а фановите се згрозија од нејзината нехумана реакција
-
Се запали експресен воз во Германија, евакуирани 500 патници
-
Од Скопје до Солун само со автобус: Укината железничката линија!
-
Шилегов и МЖ промовираат вело-железнички јавен превоз, а Македонија останa без ниеден меѓународен воз