Кога Кејт Мидлтон се венчаше за принцот Вилијам, сестра ѝ Пипа стана популарна во светските медиуми со написи од типот „совршен задник“ додека ја придржуваше венчаницата на невестата. Сега Кејт не сака да ја засени невестата Пипа на нејзината свадба.
Наводно, Кејт Мидлтон се понудила да биде дадилка на свадбата на Пипа, така што ќе се грижи за сите деца на свадбата, вклучително и нејзините две. А Пипа, објави „Сан“, ги поканила сите деца на планираните гости.
– 35-годишната Кејт не сака да го засени големиот ден на Пипа, па затоа предложила да се грижи за децата. Кејт сака сестра ѝ да биде во центар на вниманието, па затоа се повлекува. Никој од гостите нема да ги земе своите дадилки откако Кејт се понудила – објави „Сан“ повикувајќи се на неименуван извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Во чест на исчезнатиот брат: Сите тајни на името на синот на Пипа Мидлтон!