ТВ каналот „Дискавери“ пушта нова телевизиска серија насловена „Изеден жив“.
Интригантната серија стартува утре, 7 ноември. Во првата епизода ќе биде прикажано нешто невидено – како гигантска анаконда голта жив човек, кој свесно подлегнал на тоа. Жртвата-волонтер, не е некој откачен, со мазохистички склоности, туку специјалист за дивата природа. Тоа е 30 годишниот Пол Росо, кој заедно со својот тим го проучува битието на огромните анаконди во Јужна Америка. Росо ќе остави анакондата да го проголта, облечен во специјален заштитен костум, за да не биде сомлен од стомачните сокови на чудовиштето, а освен тоа тој ќе располага со минијатурен кислороден апарат и камера за да го снима шоуто одвнатре.
Еве го и рекламниот трејлер на новата серија на „Дискавери“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Момче се залета да скокне од карпа без да погледне долу: Mу се случи трагедија (видео)
-
Дали јаде доволно: Табела која покажува на која возраст колку килограми треба да имаат децата
-
Очевидци тврдат дека Венус Вилијамс поминала на црвено, познато името на жртвата
-
Научниците открија како изгледал човек кој живеел пред 700 години