Во многу незгодна ситуација се нашла турска козметичка компанија кога сфатила кое е, всушност, нивното заштитно лице на линијата за производи за депилација.
Турска козметичка компанија ѝ се извинила на јавноста затоа што во своја реклама за производ за депилација искористила фотографија на познат терорист, Кхалида Шеика Мохамед, кој бил организатор на нападот на близначките во Њујорк во 2001 година.
Во рекламата е искористена негова фотографија под која пишува „Чекањето нема да ги отстрани влакната“.
Портпаролот на компанијата Мехмед Кан Јилдиз се извинил и изјавил: „Не знаевме дека се работи за терорист. Човекот е исклучително влакнест, па мислевме дека телото му е идеално за нашата компанија“.
Мохамед моментално се наоѓа во затвор во озлогласената американска база во Гавантанамо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



