| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли иднината ја гледа во политиката

Популарната актерка во интервју за магазинот „Венити феар“ објасни дека работејќи како амбасадор во УНХЦР, сфатила дека како нејзина идна опција треба да ја гледа политиката.

– Ако сакате да направите некоја промена, тогаш имате одговорност. Искрено, не би знаела да кажам во кој дел би била најкорисна – изјави Џоли наведувајќи дека работењето на филм би ѝ претставувало пречка.

Во интервјуто, актерката го коментира и бракот со Бред Пит, со кој се венчаа во август, по долгогодишното заедничко живеење.

– Навистина, тоа е поинакво чувство. Тоа е убаво чувство, изјавува таа, откривајќи дека нивните шест деца го напишале текстот на нивните брачни завети, кои таа и Пит ги прочитале на венчавката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top