| четврток, 6 декември 2018 |

Нова жртва на манијата по самофотографирање

dbd477d19eca74682e4ac0296436440e

Млада полска туристка загинала во Шпанија при обид да си направи фотофрагија од себе.

Силвија Рејчел посакала да се овековечи на мостот Пуенте де Изабел во Севилја. Таа се качила на оградата, но одеднаш загубила рамнотежа и паднала од 4,5 метри височина.

Брзата помош пристигнала, но само утврдиле дека срцето на Силвија застанало. Тие успеале да го внесат повторно во ритам со помош на достапната апаратура, но набргу откако била одведена во болница, таа починала.

Од Градското собрание во Севилја го објасниле инцидентот како несреќен случај, а причина за него било  непочитување на правилата за безбедност. Сепак, од општината ветиле дека во најскоро време мостот ќе биде дополнително обезбеден со огради.

Дваесет и тригодишната Силвија Рејчел била родена во Лублин и учела медицина. Таа била вљубена во Шпанија и планирала по дипломирањето засекогаш да се пресели таму.

Ова не е првата жртва на манијата по самофотографирање. На португалскиот брег ова лето загина полско семејство, родителите паднале во 80-метарска провалија, а сето тоа го гледале нивните две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top