| четврток, 6 декември 2018 |

Земри Ќамили: Во Тетово се забележани лица со црни униформи

indexЛица во црни униформи легитимирале и заканувале граѓани во тетовско, тврди Заменик министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили, коментирајќи ги шпекулациите дека деновиве во регионот на Тетово се забележани непознати лица како легитимираат граѓани.

Во изјава за Журнал, Ќамили вели дека две непознати лица, облечени во црно, се заканувале кон неколку граѓани во овој регион.

-Во недела е евидентиран случај кога непознати лица во црни униформи, но без обележја им се заканувале на вработените на Водовод Тетово. Тие не се претставиле како припадници на некоја гарда, како што се шпекулира дека се членови на Гардата на Илирида, вели Ќамили.

Тој вели дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите безбедносни мерки согласно законот.

-Ќе продолжиме да собираме информации и да ја следиме ситуацијата. Од полициски аспект, ситуацијата не е за вознемирување“, вели Ќамили.

Пред неколку дена, медиумите објавија соопштение наводно испратено од т.н Гарда на Илиридата, во која се вели дека нејзини припадници ќе патролираат низ земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top