| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Ѓоргиев – добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2014

nagrada petre prlicko

Александар Ѓеоргиев, актер на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2014 година, што по деветти пат ја доделува Општина Велес и Здружението на актери „Џинот“.

Одлуката ја донесе жири комисијата во состав Александар Ивановски претседател и членовите Јордан Витанов и Едмонд Сотир. Ивановски на денешната прес-конференција образложи дека актерот Ѓеоргиев е симбол за исклучително прецизна актерска игра, експресивно извајана до јасно подвлечени нијанси. 

– На моменти суптилна и скокотлива, на моменти вжарена до усвитување, но, секогаш прочистена, силна, слободна. Неговото промислување на сценското присуство е за секој восхит. Сме го гледале на сцената во разни роли – секогаш ангажиран и храбар во изразот, минуциозен во дејствијата. Како човек можеби скромен, тивок и ненаметлив, но ние, неговите колеги, добро знаеме дека е секогаш отворен за топла соработка, совет, помош, потенцира Ивановски. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top