| четврток, 6 декември 2018 |

Токинг Том ѝ донесе богатство на словенечка брачна двојка

tom
Словенечката брачна двојка Логин, чијашто компанија се занимава со развивање на апликации за мобили телефони, за првпат се најде на водечкото место на листата најбогати Словенеци, која ја изработува магазинот „Менаџер“. Нивниот имот се проценува на 617 милиони евра.

Иза и Само Логин се основачи на „Аутфита 7“ (Outfita7), информатичка компанија, која најголемиот дел од својот успех го должи на огромната популарност на апликацијата за паметни телефони во која настапува анимираниот мачор Токинг Том (Talking Tom), а која беше симната дури 1,2 милијарда пати.

Проценетата вредност на „Аутфита 7“ изнесува 1,1 милијарда евра, а меѓу десетте најбогати Словенци се наоѓаат уште двајца вработени во „Аутфита“, Марко Пистотник е на петтото место со богатство во вредност од 192 милиони евра, а Симон Раде е десетти со 96,6 милиони евра.

Санди Чешко со своите Дормео душеци, кој минатата година беше најбогат Словенец, во изборот на Менаџер, падна на второ место (390,7 милиони).

 

Трети на листата се Албин и Татјана Добрешек, сопственици на инженерска компанија, со 325,8 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top