Актерот Том Круз конечно повторно ја пронашол љубовта и тоа кај многу помлада жена.
Списание „US Weekly“ пишува дека, 52 годишниот познат актер, веќе некое време излегува со својата асистентка од снимањето на „Невозможна мисија5“. Таа е шармантна русокоса, има само 22 е и се вика Емили.
Блиски извори за списанието изјавиле дека Том се заљубил во девојката на прв поглед. На сетот тој поголем дел од своето време го поминувал флертувајќи со неа и го правел тоа толку отворено што целата филмска екипа го забележала тоа.
– Том веќе ја поканил на ручек. Никогаш до сега не сум го видел да се заљуби толку силно на прв поглед, раскажува извор близок до светската ѕвезда.
По неговата разделбата со Кејти Холмс, Круз паднал во депресија и долго време не обрнувал внимание на жените околу себе. Во последно време сепак му се случила авантура со Линдзи Лохан, а медиумите го поврзаа и со австралиската манекенка Миранда Кер. Засегнатите лица ги негираат ваквите односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.