| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан мечот на Металург против Загреб

metalurg-kil-2

Натпреварот од шестото коло во ракометната СЕХА Газпром Јужен тек лига во кој денеска од 17 часот требаше да се сретнат екипите на ППД Загреб и Металург е откажан.

Како што пренесува официјалниот веб-сајт на хрватскиот состав причината за откажувањето е недоаѓањето на македонскиот тим во Загреб, односно според информациите причината е финансиски колапс поради неисплата на платите на 20 од 27 играчи.
Мирослав Коциќ веќе побарал раскин на договорот, а не е невозможно некој друг да тргне по неговиот пат, пренесуваат хрватските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top