Францускиот парламент денеска изгласа Закон за борба против тероризмот, со кој се предвидува да им се забрани на осомничените лица да ја напуштат територијата на Франција.
Со тоа ќе се спречи француски државјани да заминуваат во џихад во Сирија. На осомничените граѓани ќе им се одземаат личната карта и пасошот.
Забраната за напуштање на територијата на Франција ќе важи шест месеци и ќе може да биде обновувана до две години од влегувањето во сила.
Забраната ќе се воведува во случаи „кога ќе има сериозни причини да се верува дека лицето планира да патува во странство со цел да учествува во терористички акции“ или „во зона на дејствување на терористички групи“.
Законот дозволува и да се воведе забрана за влез на француска територија на граѓани од земјите-членки на ЕУ или на член на неговото семејство ако „претстојот во Франција претставува реална, актуелна и доволно голема закана за општествениот интерес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.