| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд сигурни патници во следната фаза во ЛШ

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се првите патници во нокаут фазата во Лигата на шампионите по победите вечерва против Ливерпул, односно Галатасарај.

Горан Пандев не беше во експедицијата на турскиот првак Галатасарај, но и тоа не донесе подобар резултат и игра на Турците. Тие повторно примија 4 гола од Борусија, како и на претходниот меч во Истанбул, а вечерва се поразени со 1-4. Борусија патува во нокаут фазата, а шанса да и се приклучи пропушти Арсенал. Топчиите во Лондон водеа со 3-0 против Андерлехт, но на крајот освоија само еден бод.

Гостите постигнаа три гола во серија и ги задржаа минималните шанси за пласман понатаму.

Реал Мадрид по вторпат едноподруго го победи Ливерпул без примен гол. Во Мадрид вечерва беше 1-0, а претходно актуелните европски прваци славеа на гости со 3-0 и одат понатаму.

Резултати: Реал – Ливерпул 1-0, Јувентус – Олимпијакос 3-2, Борусија – Галатасарај 4-1, Малме – Атлетико 0-2, Арсенал – Андерлехт 3-3, Бенфика – Монако 1-0, Базел – Лудогорец 4-0, Зенит – Баер 1-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top