Италијанскиот шампион Јувентус вечерва ќе игра против Олимпијакос под императив победа за зачувување на шансите да се помине групната фаза, нешто што минатата сезона не му успеа.
Во вториот дуел од групата А во елитното натпреварување играат Малме и Атлетико Мадрид.
Двојки за 4. коло во ЛШ и табели по групи:
Група А: Јувентус – Олимпијакос и Малме – Атлетико Мадрид.
Табела: Атлетико Мадрид 6 бода, Олимпијакос 6, Јувентус 3, Малме 3.
Група Б: Реал Мадрид – Ливерпул и Базел – Лудогорец.
Табела: Реал Мадрид 9 бода, Лудогорец 3, Ливерпул 3, Базел 3.
Група Ц: Зенит – Баер Леверкузен и Бенфика – Монако.
Табела: Баер Леверкузен 6, Монако 5, Зенит 4, Бенфика 1.
Група Д: Борусија Дортмунд – Галатасарај и Арсенал – Андерлехт.
Табела: Борусија Дортмунд 9, Арсенал 6, Андерлехт 1, Галатасарај 1.
Освен натпреварот Зенит – Баер, кој почнува во 18 часот, другите средби ќе почнат во стандардниот термин 20 часот и 45 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


