| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 10.000 заинтересирани граѓани го посетија Третиот саем за вработување во Штип

saem za vrabotuvanje

Агенцијата за вработување на Република Македонија го организираше и третиот Саем за вработување, како дел од карванот низ градовите во државата. На саемот, кој се оддржа во безистенот во Штип, се претставија 32 компании од Македонија, од кои најзастапени беа од производствениот сектор. Голема заинтересираност имаше од двете страни, каде што и компаниите-учеснички и барателите на работа најдоа заедничка можност да се здобијат со корисни информации за понудата и за побарувачката на пазарот за труд.

– Упорноста и трудот секогаш носат успех, а третиот Саем за вработување во Штип е потврда за нашиот труд и упорност на граѓаните да им понудиме можност и шанса за вработување, каде на модерен и лесен начин можат да ја пронајдат својата идна професија, да го збогатат своето резиме, а воедно и да се запознаат и тие и компаниите со понудата и побарувачката на пазарот за труд. Доказ за истата упорност и труд од страна на граѓаните е и големата посетеност на денешниот саем каде околу 10.000 посетители ги посетија штандовите на компаниите учеснички од кои најбројни беа од производствената индустрија – изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република Македонија

На саемот се обратија Поповски, директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија, градоначалникот на Штип, Илчо Захариев и Лазо Димчов, раководител на Центарот за вработување во Штип.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top