Сопственикот на „Смарт колинг“ вели дека е импресиониран од услoвите кои ги нуди Македонинја за инвестирање и дека најдоцна до почетокот на идната година ќе допатува во Македонија да ги разгледа можностите за инвестирање.
– Ние имаме софтвер кој ја намалува потрошувачката на електрична енергија за 10-15 отсто месечно. Бараме место каде ќе го прошириме нашето производство во светот. Дојдов на оваа конференција за да дознаам за сите поволности кои се нудат, за цената на работната сила, за даноците, економската клима. И морам да признаам дека бев импресиониран, толку импресиониран што ќе допатувам во Македонија до крајот на оваа година или на почетокот на јануари за да можам да се уверам за сите поволности кои ги нуди земјата, со цел да започнеме производство б- истакна Лоза.
„Смарт колинг“ е компанија која произведува делови од автомобилската индустрија, но и софтвер за редуцирање на зависноста од електричната енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме



