Од јануари до септември од Македонија се извезени стоки во вредност од 3.69 милијарди долари, а увезени се стоки чија вкупна вредност изнесува 5.41 милијарди долари.
Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз е 68,2 проценти, а трговскиот дефицит во овој период изнесува 1.72 милиони американски долари.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, производите од железо и челик и облеката, додека во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите и електричната енергија.
Во овој период најмногу се извезувало во земјите-членки на Европската унија, по што следуваат земјите од Западен Балкан, а најмногу се увезувало од Европската унија.
Според вкупниот обем на надворешно-трговска размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија, односно 52,4 проценти од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.