Кафуле во Истанбул било казнето со 6.000 турски лири (2.800 долари) откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган забележи дека еден од неговите клиенти пуши внатре.
Во Турција пушењето е забрането на јавни места.
Ердоган се шетал во неделата низ соседството Есенлер по церемонијата на отворање на владинот комплекс. За време на прошетката тој забележал на вториот кат на кафуле клиент кој пуши и тоа предизвикало револт кај него. Тој почнал да покажува кон клиентот со прст и дури упатил лути забелешки кон него, но клиентот не престанал да пуши.
– Гледајте каков силеџија. Еден претседател му вели да престане да пуши, но тој си продолжува – им рекол Ердоган на неговите соработници кои го придружувале додека траела прошетката низ соседството.
Случајни минувачи ја снимиле целата сцена и го објавиле видеото на интернет.
Релевантните власти одлучиле да го казнат кафулето за прекршување на правилата за пушење. Казните во Турција се движи од 1200 до 6000 лири. Во случајот било одлучено да се напише максималната казна.
Истовремено видеото со Ердоган, во кое тој се расправа со пушачите, реди и шеговити и критички коментари на социјалните мрежи. Во еден од нив се вели на адреса на претседателот: „Пушењето не е толку штетно, колку што сте вие“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.