| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија воведува данок на „Гугл“

Image285

Шпанија воведува данок на информациите до кои корисниците имаат пристап преку пребарувачите на интернет, наречен данок на „Гугл“.  Целта е да се заштити интелектуалната сопственост. Новиот закон, кој го воведува данокот е одобрен од пратениците. Данокот ќе влезе во сила од 2015 година и предвидува парични казни од 600.000 евра за сопствениците на веб-страници што шират пиратски содржина.

Од компанијата објавија дека се разочарани од новиот шпански закон.

google-300x168

– Сметаме дека услуги како „Гугл њус“ им помагаат на издавачите да создадат сообраќај кон своите сајтови – се вели во официјалното соопштение.

Минатата година слична мерка воведе и Германија. За да излезе на крај со овие барања, „Гугл“ го промени начинот на кој се индексираат вестите во германската верзија на пребарувачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top