Дербито од Изралското фудбалско првенство меѓу Хапоел и Макаби е прекинато при резултат 1-1. Причината за ова се нередите што ги направија навивачите на Хапоел по постигунувањето на изедначувачкиот гол на Еран Захави за Макаби. Тој се заврти кон трибината каде што се наоѓаа домашните навивачи и симулираше пукање кон трибината каде што се наоѓаа навивачите на Хаполе, по што испровоцира еден навивач да ја прескокне оградата и да се обиде физички да се пресмета со израелскиот репрезентативец.
Захави жестоко врати на нападот по што доби црвен картон од судијата. По краткиот прекин на мечот тој продолжи, но не за долго бидејќи навивачите на Хапоел повторно влетаа во теренот.
Судијата го прекина целосно натпреварот, а од полицијата изјавуваат дека се уапсени десет навивачи, а списокот може да се прошири по прегледувањето на снимките од камерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)