| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците не се откажуваат, со нови докази ќе се жалат до УЕФА (видео)

Албанската фудбалска федерација презентираше видео на престижниот англиски ТВ канал Скај спортс и тврди дека има несоборливи докази дека Србите се виновни за прекинот на квалификацискиот меч во Белград.

„Имаше непријателска атмосфера на самиот стадион, и дури ни беа загрозени животите. Имаше и пароли со расистичка содржина, публиката викаше Убиј ги Албанците, а нашите играчи беа тепани и на теренот и во тунелот на пат кон соблекувалната. И не е вистина дека сме добиле да го продолѓиме мечот. Не бевме воопшто ниту прашани за такво нешто. На крајот на снимката се гледа дека и Богданов е на теренот, човек што беше главен виновник на инцидентот во Џенова, кога Србија загуби службено од Италија“, вели Арманд Дука, претседателот на Албанската фудбалска федерација.

Жалба сигурно ќе има, барем такво нешто најави Дука, но првиот човек на албанскиот фудбал воопшто не говореше за дронот со знамето на Голема Албанија, ниту за тоа беше прашан од новинарите на Скај спортс.

golema albanija zname

Токму беспилотното летало што според информациите на српските безбедносни служби го раководел со посебен софтвер на мобилнито телефон Олси Рама, братот на албанскиот премиер Еди Рама, предизвика вистионски хаос на стадионот. На теренот долета дрон со знамето на Голема Албанија, а потоа продолжија антифудбалските елементи. Имаше инцидент на теренот, агресивно однесување од мала група навивачи, кои ги нападнаа гостите, по што мечот беше прекинат.

УЕФА потоа одлучи Србија да го добие мечот со службен резултат од 3-0, но доби и казна од три бода и парична глоба од 100 илјади евра. Толкава парична казна заработи и Албанскиот фудбалски сојуз, а репрезентацијата остана без бодови од Белград.

Видеото презентирано на Скај спортс можете да го погледнете овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top