Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на аргентинскиот репрезентативец од Бенфика Енцо Перез. Како што информираат медиумите од островото Манчестер Јунајтед ја подготви сумата од 23,5 милони Фунти колку што изнесува откупната клаузула во договорот на Перез со Бенфика.
Менаџерот на Јунајтед Луис Ван Гал во целата зделка ќе ги уклучи и Аргентиците во својот тим Анхел Ди Марија и Маркус Рохо за да го убедат Перез да потпише договор со тимот од Манчестер.
Перез беше поврзуван со Јунајтед и ова ова лето, но тој го продолжи договорот на уште четири години со неговиот тим, но откупната клаузула остана иста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.