| четврток, 6 декември 2018 |

Арапски држави ќе се здружат против исламистичките екстремисти

исламисти

Американските сојузници меѓу арапските држави – Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, размислуваат за создавање воен сојуз против исламистичките екстремисти, со цел заедно да интервенираат на Блискиот Исток.

Четворица египетски воени претставници потврдиле дека се водат разговори за вакво здружување.

Тие тврдат дека оваа алијанса би работела одвоено од меѓународната коалиција, предводена од САД, која извршува воздушни напади против групата Исламска држава (ИД) во Ирак и во Сирија.

Новиот сојуз би можел да интервенира и на други воени жаришта, како на пример Либија, каде што екстремистите презеле неколку градови, или Јемен, каде што шиитските бунтовници имаат контрола врз главниот град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top