На интернет се појави снимка на која се гледаат терористи на Исламска држава како разговараат за продажба на киднапирани жени, припаднички на јазидите, како ги исмеваат и се однесуваат понижувачки со нив.
– Кој сака да ја продаде својата робинка или да ја подари, може… Сите можат да прават што сакаат со својот дел – се слуша на снимката.
Цената што се плаќа за една девојка, како што се слуша на снимката, изнесува 100 долари. Цената, меѓутоа, се менува во зависност од изгледот на девојката, бојата не нејзините очи, а еден од „муштериите“ вели и дека мора да ги провери забите на девојката пред продажбата.
Инаку, девојките што се киднапирани се присилени да ја сменат верата и да се преобратат во ислам, како и да се омажат за борците на ИД.
Во август околу 300 заробени жени се присилени да ја променат својата вера, а потоа некои од нив се продадени за со сила да се станат жени на припадници на екстремни организации во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.