Агенцијата за вработување трет пат организира Саем за вработување. Овој пат се сели од Неготино во Источна Македонија, во Безистенот во Штип и ќе се одржи денеска од 11 до 15 часот.
Претставници од 32 компании на сите заинтересирани посетители ќе им ги претставаат бараните информации за понудата на нови работни места, како листа на потребни квалификации како работно искуство и вештини кои треба да се поседуваат.
Граѓаните што имаат желба да ја пронајдат својата идна професија и да ја надоградат својата кариера, имаат можност да ја разгледаат заедничката побарувачка и понуда на пазарот на труд во Републиката во категории кои се движат во најразлични правци, како металната, дрвната, текстилната, печатарската, електронската, производствената, итн.
Воедно, ова е и одлична шанса за најмладите баратели на работа да дознаат многу повеќе за своето можно идно вработување по завршување на образованието, како и шанса да се запознаат и да воспостават контакт на опуштен и неформален начин, со некоја од компаниите учеснички на саемот во Штип.
Во состав на саемот ќе се одржи и панел-дискусија за работодавци во 12 часот, како и информативна средба за млади во 13 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.