| четврток, 6 декември 2018 |

Канада, рај за доселениците, следната година ќе прими 300 илјади

o-CANADA-FLAG-facebook

Канада во наредната година ќе прими помеѓу 260.000 и 285.000 доселеници, што е рекорден број во новата историја на таа земја, рекол министерот за државјанство и имиграција Крис Александерс, претставувајќи го планот за доселување за 2015. година.
– Новиот имиграциски план го засилува фокусот на нашата влада на долгорочен економски власт и на доброто на сите Канаѓани. Со овој план ќе им посакаме добредојде на рекорден број луѓе кои ќе придонесат за нашата економија и пазарот на работна сила – изјавил Александер.

Тој рекол дека Канада во 2015 година ќе обедини повеќе доселенички семејства и ќе продолжи да дава помош за најзагрозените граѓани во светот.

Најмногу нови доселеници ќе бидат примени во категоријата економски имигранти, а преостанатите 35 проценти ќе ги сочинуваат членовите на семејствата на доселениците кои се веќе во Канада и кои сакаат со нив да продолжат да живеат во таа земја. Во таа третина влегуваат и бегалците, но и други луѓе кои Канада ги прима според хуманитарните програми.

Кандидатите за работа и доселување кои имаат важечка понуда за работа во Канада или номинација според провинциските програми, ќе бидат побрзо повикани да се пријават за добивање статус на стален жител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top