
Македонските поп-диви Каролина и Калиопи ќе бидат специјални гостинки на „Скоспки фестивал 2014“ кој ќе се одржи на 12 ноември во „Метрополис арена“ во Скопје.
Победникот на „Скопски“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија следната година.

Познат е и редоследот по кој ќе бидат претставени 20-те нови композиции. Фестивалот го отвора Лена Заткоска, по неа следат Тања Царовска, Даниел Кајмакоски, Вера Јанковиќ, во дует ќе настапат Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, паЕвгенија Чанчалова – Еги, Александра Михова, осми по ред, исто така во дует, се Лидија Кочовска и Маријан Стојановски, по нив е Јоце Панов, повторно уште два дуета, Сања Керкез со Горан Наумовски и Тони Михајловски со Александар Тарабунов, дванаесетта по ред е Александра Јанева, Наташа Мијатовиќ – Мијата, Тамара Тодевска, Сања Ѓошевска, Наде Талевска, Викторија Лоба, Верица Пандиловска, Нина Јанева и како последен изведувач ќе настапи Димитар Андоновски.
Начинот на гласање е идентичен со евровизискиот модел на гласање, односно по системот на телефонско гласање и оценување од страна на меѓународно стручно жири од седум Европски радио дифузни сервиси, во сооднос 50 – 50 проценти. Најдобрите три композиции од фестивалот ќе бидат наградени со финансиски средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


