
Шкотите се во шок, откако беше соопштено дека јапонското виски е најдобро на светот. Земјата која е најпозната по своето виски, сега мора тронот да и го препушти на Јапонија.
Џим Мареј, стручњак за овој пијалок го опиша Јамазаки сингл малт виски како „неверојатно блиску до генијално“. Авторот на листата на најдобри пијалоци му дал 97,5 од 100 можни бодови.
Првпат откако постои овој натревар наградата ја добива Јапонија, а ниту едно шкотско виски не се наоѓа меѓу првите пет. На второто и на третото место се американски бурбони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


