Шест лица се повредени при судир на два воза на линијата Брисел-Шарлороа.
Според првичните информации, настраданите се со полесни повреди. Двата воза се движеле во ист коловоз и судирот не бил директен, туку едниот воз го удрил другиот во задниот дел при движење со умерена брзина.
Несреќата се случила во јужните предградија на белгиската престолнина. Само во едниот воз имало патници, а другиот бил техничка композиција за одржување на линиите, наведуваат од железниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Несреќа во Германија, најмалку 11 луѓе се повредени при судир на воз и камион
-
Ало, вашата ќерка е мртва: Потресни исповеди на семејствата на настраданите во верижниот судир!
-
Македонските возови од наредниот месец нема да сообраќаат надвор од државава
-
Шестчлено семејство од Шведска доживеа сообраќајка на патот Охрид – Кичево



