| четврток, 6 декември 2018 |

Куман е чудотворец, Саутемптон немаше играчи ни за тренинг, сега е хит во Англија

Роналд Куман направи вистинска магија во Саутемптон, а под палката на познатиот холандски ас популарните „светци“ се хит во Англија.

Почетокот беше тежок, а Куман на шега изјавуваше дека секој што барем малку знае да игра фудбал е добредојден на тренинзите на Саутемптон. Проблемите се појавија уште во летниот преоден рок, кога клубот го напуштија неколкумина стандардни првотимци. Си заминаа репрезентативците на Англија, Лалана, Ламберт, Шо и Чемберс и хрватскиот репрезентативец Ловрен.

Најавата за следната сезона што беше пред почеток за Саутемптон беше лоша, но Куман не се предаваше. Во клубот пристигнаа некои нови момци, а Холанѓанецот покажа дека е врвен тренер. Успеа набрзина да склопи одличен тим и навивачите имаат на што да се радуваат.

soton

 

Новаците Грацијано Пеле, Душан Тадиќ, Тоби Алдервирлд, Садио Мане, Рајан Бертран…. играат феноменално, а Саутемптон по 10 кола е на втората позиција во Премиерлигата.

Притоа „светците“ ја забележаа рекордната победа во клупската историја, секако ако се сметаат настапите во Премиерлигата. Во осмото коло беше декласиран Сандерленд со 8-0. Магичната рака на Роналд Куман прави чуда во Саутемптон, а популарните светци од аутсајдер и тим што немаше доволно играчи ниту за сериозен тренинг, станаа хит во Англија и во Европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top