| четврток, 6 декември 2018 |

Театар комедија вечерва ќе ја изведе 50-тата претстава

Денеска (3 ноември 2014 година) на сцената на Театар комедија со почеток во 20 часот ќе се изведе првата, 50-та изведба, и тоа на претставата „Ах љубов моја“. По тој повод цената на билетите ќе биде со симболична цена од 50 денари – 50 за 50.

На ден 7.11.2014 година, пак, Театар комедија гостува во Канада, Торонто, во Meadowvale theatre, со најпознатата и најпосетувана претстава – „Стјуардеси“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов. Ова гостување на Театар комедија во Канада е во целост поддржано од Министерството за култура на  Република Македонија – ЛЕТ ТК1004.

На ден 27.02.2012 година, во Скопје се отвори првиот жанровски определен театар, во кој се работат драмски текстови исклучиво од жанрот комедија – Театар комедија. Премиерно, на денот на отворањето на театарот, се изведе претставата „Ах, љубов моја“ по текст и во режија на Коле Ангеловски, бардот на македонската комедија. Во претставата играат фантастичните Нина Деан, Атанас Атанасовски, Зорица Нушева, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Марија Кондовска, Александар Микиќ, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски-Тино, Ердоан Максут, Ева Скендеровска и Едмонд Сотир. Од отворањето, па досега, освен на својата матична сцена, претставата „Ах љубов моја“ е прикажана низ цела Македонија и тоа во Виница, Радовиш, Гевгелија, Штип, Свети Николе, Тетово, Куманово – во рамките на Фестивалот на Комедија, а гостуваше и на престижниот театарски фестивал Мостарска лиска во Босна и Херцеговина во 2013 година и ги освои наградите за најдобра продукција и најдобра режија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top