Откриен е идентитетот на мотоциклистот што почина возејќи во центарот на Скопје, по извршениот увид на полицијата.
Станува збор за 52-годишниот скопјанец Перо П. на кого му се слошило додека возел мотоцикл на булеварот „Кочо Рацин“, кај Зелено пазарче.
Перо починал на самото место, а лекарските екипи кои биле повикани само да ја констатирале смртта.
Телото е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.