| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанец со нож ја избодел сопругата

Гневен битолчанец по жестока расправија си ја избодел сопругата, вчера попладне

Според битолската полиција, настанот се случил одколу 15,30 часот на улицата Димче Лахчански кога дошло до расправија меѓу Н.Н.(31) и неговата сопруга Б.Н.(30). Битолчанецот во расправијата извадил нож и ја расекол сопругата во пределот на левата надлактица. На жената веднаш и била укажана помош во битолската болница, по што била пуштена на домашно лекување. Насилниот сопруг бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top