Цврсти се хокеарите, особено тие што играат во НХЛ, а потврда е и случајот со Никлас Хјалмарсон, кој настапува за Чикаго блекхокс. Шведскиот хокеар доби директен удар со пак в лице на мечот против Торонто, заработи и длабока расеченица на лицето, но сепак издржа и го доигра натпреварот.
Ендрју Шо се обиде да ги проигра напаѓачите на Торонто, но ненамерно го погоди в лице Хјалмарсон. Ударот беше одблизу и го повреди противничкиот играч, кој остана на мразот облеан во крв. Сепак Хјалмарсон покажа дека е цврсто момче и по укажаната помош, се врати на мразот и го доигра мечот што Чикаго го загуби со 2-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)