| четврток, 6 декември 2018 |

Штикла од фудбалската работилница на велемајсторот Тјери Анри (видео)

Тјери Анри е веќе ветеран во фудбалската игра, но знаењето и квалитетот на францускиот ас се неспорни и доаѓаат до израз на натпреварите во МЛС лигата во САД.

Анри игра за Њујорк и тоа одлично, како во најубавите денови кога немилосрдно ги тресеше противничките мрежи и ја воодушевуваше публиката со дриблинзите, брзината и мајсторските потези.

Погледнете ја асистенцијата на Анри со популарната „штикла“ до Рајт Филипс во победата на Њујорк против ДЦ Јунајтед со 2-0. Анри асистираше и при вториот гол, но првото додавање е мало ремек-дело на стариот добар фудбалски мајстор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top