Портата со натписот од ковано железо „Arbeit macht frei“ (Работата ве ослободува) од поранешниот нацистички концентрационен логор Дахау, близу Минхен, е украден. Кражбата е забележана во неделата наутро, а веројатно е извршена преку ноќта, при смена на стражарите.
Крадците ја земале историската врата висока два, а широка еден метар. За сега нема докази кои би посочиле кон сторителите, а германската полиција ги повика сведоците или оние кои знаат нешто.
Дахау бил првиот концентрационен логор на Нацистичка Германија лоциран на местото на напуштена фабрика за муниција. Дахау служел како пример и прототип на сите други нацистички концентрациони логори изградени подоцна.
Истористите реликти од периодот на нацистичка германија често се на удар на неонацистичките движења. Во 2009 е украден истиот натпис од влезот на концентрациониот логор Аушвиц во Полска. Истрагата потоа го најде кај поранешниот неонацистички лидер Андрес Хегстрем, исечен на три дела. Хегстрем беше осуден на затворска казна, а натписот поправен и вратен на место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.