Портата со натписот „Arbeit macht frei“ (Трудот ослободува) којашто беше украдена кон крајот на 2014 година од влезот во нацистичкиот концентрационен логор Дахау, „многу веројатно“ е пронајдена во Норвешка, објави во петокот полицијата на германската сојузна земја Баварија.
„По анонимна дојава, полицијата во Берген пронајде и презема порта од ковано железо со тој познат натпис“,наведува германската полиција, поткрепувајќи го соопштението со фотографија.
Полицијата безуспешно нудеше награда од 10.000 евра за информации поврзани со оваа капија, украдена на 2-ри ноември 2014 година. Засега нема информации за осомничени.
Уште една капија од нацистички логор со истиот натпис беше украдена претходно. Во декември 2009 година натписот „Arbeit macht frei“ беше украден од вратата на поранешниот концентрационен логор Аушвиц кој германските фашисти го подигнале во Полска. Неонацистички активист Андерс Хоегстром поради тоа што во декември 2010 година е осуден на две години и 8 месеци затвор, а растурениот на три дела натпис е пронајден и обновен во 2011 година.
Дахау, кој се наоѓа недалеку од јужниот германски град Минхен, е отворен во март 1933 година, набрзо по доаѓањето на власт на Адолф Хитлер, каде што биле затворани противниците на Третиот рајх, а подоцна оние кои според нацистичката расна доктрина требало да бидат елиминирани, како Евреите, Ромите и други.
Повеќе од 200 илјади луѓе од цела Европа биле затворени во Дахау, кој станал модел за другите концентрациони логори коишто нацистите ги подигнале во текот на своето дванаесетгодишно владеење. Се проценува дека во овој логор умреле 41.500 луѓе, пред да биде ослободен од американските војници во април 1945 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На Триумфалната порта во Париз причинета штета и до милион евра
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Норвешка бара 90.000 работници: Работите по 8 часа на ден, а платата ќе ви биде 7 000 евра