Кенијските атлетичари доминираа на престижниот Њујоршки маратон, а победници на патеката долга 42,195 километри се Вилсон Кипсанг во машка и Мери Кејтани во женска конкуренција.
Кипсанг годинава е неприкосновен на маратоните откако беше најбрз и во Берлин и во Лондон, а го држеше и светскиот рекорд што го урна неговиот сонародник Денис Кимето.
Кипсанг прв ја мина целта во Њујорк со време од два часа, 10 минути и 55 секунди. Кај дамите Мери Кејтани беше најбрза со време од 2 часа, 25 минути и 7 секунди.
Вистински подвиг во Големото Јаболко приреди тенисерката Каролине Вознијачки која успеа да ја истрча целата делница за нешто помалку од три и пол часа. Интересно, на целта ја пречека и поздрави Серена Вилијамс, една од нејзините главни ривалки на тениските терени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)