На денешен ден, пред 60 години во Ница почина еден од најголемите и највлијателни сликари на 20 век, зачетник на нов правец во сликарството – фовизам, Анри Матис.
Најмногу сликаше женски фигури и мртва природа, но и предели, композии и нацрти за балетски декори и костими. Инспирација пронаоѓал во ориентални мотиви, килими и минијатури. Исто така, работел и дрворезби и литографии, а често се навраќал и на скулптури, на почетокот под влијание на Огис Роден.
Матис извршил силно влијание на модерното европско сликарство. Тој ги создал основите претпоставки за настанок на фовизот и влијаел на кубистите, експресионистите, надреалистите, како и на претставниците на американскиот поп-арт.
Под влијание на современиците Гистав Моро, Пол Сезан и Пол Гоген, во 1905 година го оформил личниот израз – фовизам.
Фовизмот како движење траел само неколку години, а членовите на групата почнале да следат и други правци. Најважната слика на Матис од тој период е композицијата „Танц“. Во таа композиција доаѓаат до израз важните својства на опусот на Матис.
Светската слава Матис ја стекнува во Германија и во САД, а посебно во Русија. Во подоцните години тој се сосредоточува на мртва природа, аранжирано цвеќе и овошје, а повремено го привлекувала и керамиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.