| четврток, 6 декември 2018 |

„Кинеска девојка“ продадена за речиси еден милион фунти

Сликата „Кинеска девојка“ на јужноафриканскиот уметник Владимир Третчикоф е продадена на аукција во Лондон за речиси еден милион фунти. „Кинеска девојка“ е една од најрепродуцираните дела во светот.

кинеска девојка

 Сликата ја купил сопственикот на компанијата „Граф дајмондс интернешнел“, Британецот Лоренс Граф за 982.050 фунти, двојно повеќе од првичната процена, објави аукциската куќа „Бонхамс“. Оттаму соопштија дека ова е нов рекорд за Третчикоф, кој оваа слика ја насликал во 1950 година. Досега се продадени пет милиони репродукции во ист формат во кој е насликана сликата.

Третчикоф е Русин роден 1913 година во денешен Казахстан, кој потоа се доселил во Јужна Африка. Починал во Кејптаун во 2006 година. Се смета дека е еден од комерцијално најуспешните уметници на сите времиња, пред сѐ благодарение на „Кинеската девојка“. Тој е самоук сликар, кој цртал реалистични мотиви. Уживал голема популарност во јавноста, а критичарите често го нарекувале „крал на кичот“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top