Пред четириесет години почина македонскиот ликовен уметник, педагог и академик Никола Мартиноски, еден од основачите и прв директор на уметничкото училиште во Скопје. Тој е главен иницијатор за формирање на Национална галерија на Македонија чиј директор подоцна бил. На таа функција ќе остане до крајот на својот живот.
Делата на Мартиноски се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии. Колекционери од земјава и странство имаат негови дела. Беше редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Мартиноски е роден во Крушево, на 18 август 1903 година. Дипломирал на Школата за убави уметности во Букурешт во 1927 како најдобар студент за таа година. Во 1927 и 1928 година претстојувал во Париз, a по враќањето во Македонија, освен воведувањето на европските модерни сликарски тенденции карактеристични за Париската школа, на овие простори се истакнувал и со својата општествена активност.
Имал повеќе самостојни изложби пред и по војната. Првата изложба му била во 1929 во Скопје, по што следувале изложби во Белград, Загреб, Љубљана, Париз, Дижон и други места. Групно изложувал во многу европски земји и во земјата. Пред војната изработил и неколку мурали во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пријател на Јелена открива: И било страв од годишнината на бракот која доаѓала
-
Дарко Илиевски: Во животот се клекнува само еднаш, пред жената која ја сакаш
-
Изминаа 16 години од загинувањето на полицаецот Цоки Стојаноски во Тетово
-
Македонската пејачка прослави 5 години брак: Сум се вљубувала многу пати, но секогаш во тебе