Лидерот во француската Лига 1, Марсеј, во последниот натпревар од 12. коло на домашен терен ја совлада екипата на Ленс со резултат 2-1.
Домаќините поведоа уште во 10. минута со голот на Нкулу, но Жилом во 31. го изедначи резултатот и ја врати неизвесноста на мечот. Тован во 60. минута го врати водството на Марсеј и го постави конечниот резултат со што и донесе нови три бода на својата екипа.
Тимот од Марсеј повторно има предност од четири бода во однос на второпласираниот ПСЖ, а пет во однос на Лион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.